Step in - зачекори во нова улога
5 неделна групна програма за промени- Старт 5ти Септември
Поставуваме темели на етички вредности кои водат кон креирање на безбеден простор за меѓусебена поддршка.
Заедно се поддржуваме и насочуваме кон крирање на личните цели со интегритет и вклученост.
Споделување и учење во група носи мултиплицирани ефекти за развој и промена на свесност.
Зачекори со јаснототија и одлучност во нови професионални предизвици
Поларни емоции и тензии на возбуда и анкциозност се јавуваат кога менуваме животни улоги. Земи си свесност и поддршка и зачекори со леснотија и задоволство.
Врати го чуството на безбедност и припаѓање и искористи ги целосно твоите потенцијали.
“Не очекував дека толку ќе се зближиме со групата, видив дека сите имаме слични проблеми и тоа ми даде сила. Не ми беше јасно точно што сакав да извлечам од програмата а излегов со толку елан и јасни чекори за моите проекти.”
“Програмата има структура и јасни насоки, точни си ги видов отпорите. Посебно ми значеше посветеноста на Ана, индивидуалната средба беше последниот дел од сложувалката и се си дојде на свое место ”
“Edvaj cekav da dojde Cetvrtok i da imame sredba. Dobiv mnogu. Svesnosta, uvidite, doverbata, otvorenosta, spremnosta.. Ednostaven, jasen, dlabok pristap. Uzivav vo programata.”
“”
Менаџер, Психотерапевт и тренер за лидерство
Мојот професионален пат започна во Старбакс кафе во Лондон. Работев и студирав во Лондон. Одлично искуство за градење на професионални вредности, посветеност и работа со страст. Кога завршив факултет во областа на логистика, ја продолжив мојата кариера во корпоративен сетинг. Се вратив во мојата родна земја Македонија, бидејќи за мене тогаш беше искуството-само дома си е дома. Лидерските позиции природно доаѓаа, но секој нов предизвик бараше нова верзија од мене. Така почнав да посетувам психотерапија и коучинг. Продолжив и со едукација во оваа област. Развојните искуства во теорија и во пракса ми стануваа се појасни. Останав во едукација и денес сум психотерапевт и тренер за развој покрај моите менаџерски ангажмани. Дополнително, организирам безбеден и насочен простор за полесно да поминеш низ транзициските процеси во развојот на твојата професионална персона. Мојата мисија е да создадеме земја со уникатни лидери кои имаат вредности и способности да остават наследство за идните Македонски поколениа.